Модната куќа Шанел ја претстави најновата колекција на Карл Лагерфелд на Париската модна недела. Пред почетокот на прегледот, дизајнерот кој почина на 19-ти февруари беше почестен со минута молчење.

Лагерфелд беше уметнички директор на Шанел веќе 36 години. Наспроти позадината на алпскиот пејзаж во Гранд Пале, гледачите ги видоа неговите најнови модели.

Во прегледот учествуваа Кара Делевин, актерката Пенелопе Круз и ќерката на Синди Крафорд – Каја Гербер. Така, Шанел му оддаде почит на Лагерфелд, кој не сакаше да има официјална церемонија по смртта .


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO