По средбата меѓу премиерот Борисов и неговиот македонски колега Зоран Заев во МС вчера, стана јасно дека Бугарија и Македонија ќе работат за нулта стапки и намалувањето на царините меѓу двете земји.

„Ова е една од серијата средби кои докажуваат дека односите со југозападната сосетка одат во позитивна насока“, категоричен беше во студиото на „Денот на ON AIR“ заменик-претседателот на Бугарскиот културен клуб во Скопје-Мирослав Ризински.

Посетата на Зоран Заев беше по повод 147-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Царинските давачки меѓу Бугарија и Македонија се движат од 5% до 35%, додека со Србија тие се нулти. Според македонскиот премиер, ако се отворат ставките, трговијата меѓу двете земји ќе се зголеми. По потпишувањето на Договорот за пријателство во 2017 година, таај скокна за 7%, а во 2018 година растот се зголеми на 10%.

„Има голем интерес на странските инвеститори да инвестираат преку Бугарија во Македонија. А една од пречките се токму овие давачки“, истакна Мирослав Ризински.

Пред Bulgaria ON AIR политичкиот аналитичар Илија Лазаров додаде дека годините околу и пред примањето на една држава во НАТО и ЕУ се најважните за нејзиниот економски подем.
Влезот во НАТО во пракса создава гаранција за инвеститорите дека нивните пари нема да пропаднат поради некој вид турбуленции“, рече тој.

Погледнете го целото интервју тука.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO