За една година Македонија направи сериозен чекор во својата евроатланска иднина. Ова го изјави професорот Владо Бучковски, поранешен министер за одбрана и поранешен премиер на Република Македонија, во емисијата „Светот е бизнис“ со водечкиот новинар Николај Крстев за Bloomberg TV Bulgaria.

„Референдумот за името на земјата е историски момент за Македонија. Насочен е кон изборот за пристапување кон ЕУ. За жал договорот со Грција беше единственото можно решение, за да се отворат вратите на НАТО и ЕУ. Јасно е дека над 700 000 граѓани на Македонија ќе гласаат ЗА, но дали оние кои што се против, ќе се обединат, не се знае „.

Ова е втор референдум во Македонија по нејзиното одвојување од поранешна Југославија во 1991 година, коментираше професор Бучковски.

„Јас се согласувам дека актуелниот референдум е продолжение на оној од 1991 година. Тогаш се боревме за независност, денес се бориме да бидеме дел од НАТО и ЕУ. Ќе ја потврдиме својата државност“.

Според проценката на Владо Бучковски, моментално има 1.300.000 до 1.350.000 гласачи. Од друга страна, 250 000 – 300 000 се неодредените гласачи кои не веруваат во политичарите и соодветно кои не гласале на последните избори најверојатно. Верувам дека моменталната кампања ќе им даде поттик. Овој референдум е консултативен.

До овој момент, името Република Северна Македонија, е компромисот кој изгледаше единствено возможен како логично решение. Прво требаше да го признаеме нашиот идентитет, нашето културно наследство. За жал, од друга страна треба да се прават компромиси, додаде гостинот.

„Ако референдумот не успее, нема да се распаднеме. Но Македонија ќе почне сама да гние изолирана. Се повеќе млади луѓе ќе ја напуштаат Македонија, се повеќе нема да сме атрактивни за инвеститорите. Овој референдум е важен имајќи го во предвид она што се случува во Романија, Бугарија и Албанија како земји-членки на ЕУ. Ова е повеќе од референдум. Тоа е уникатна можност „.

Имаме покана за НАТО, ќе бидеме членка на НАТО. Познато е дека до 2025 година имаме шанса да ги престигнеме Црна Гора и Србија кои се пред нас. Имаме доволно компетентна администрација. Верувам дека имаме и доблест да ги признае своите недостатоци како што правосудните проблеми, како и оние со разузнавачките служби и слободата на говорот. Слични проблеми доживуваат и другите земји-членки на ЕУ. Ќе ни биде полесно ако Европа и НАТО се наши партнери „, рече професор Бучковски.

На темата за преговорите меѓу Србија и Косово за размена на територии гостинот кажа дека тоа го враќа во 2001-ва, кога и во Македонија овие теми беа актуелни, бидејќи пред тоа тезата за размена на теоритории се разговарала кога покојниот премиер Зоран Ѓинfиќ беше на чело на српската. Ова е стара и заразна идеја.

Не е координирано сите да сакаме да бидеме дел од ЕУ, а пред тоа да се делиме на етнички граници. Србија и Косово треба да размислат за ова прашање, заклучи Владо Бучковски.

Целото интервjу со Владо Бучковски може да го погледнете тука.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO