Референдумот за името на Македонија ќе помине позитивно. Тоа го изјави Мирослав Ризински подпретседателот на Бугарскиот културен клуб-Скопје во предавањето „Светот е бизнис“  на Bloomberg TV Bulgaria со водечкиот новинар Ивајло Лаков.

Референдумот има консултативен карактер за решението што ќе го земе власта затоа што треба да ги почитува клаузулите од договорот потпишан со Грција.

„Според договорот меѓу Македонија и Грција, една од страните може да одржи референдум, што значи дека тоа е по желба. Договорот влегува во сила со неговото потпишување од страна на институциите од двете страни и неговата ратификација во парламентите. Овој референдум има внатрешно-политичка логика и тежина, со оглед на тоа што партијата на Груевски веќе долго време инсистираше на тоа дека решението за името треба да помине на референдум. Можеби тука е логиката на актуелниот премиер на Македонија, Зоран Заев, за да добие поголема поддршка од граѓаните „.

Ризински додаде дека проблемот не е во името, туку во идеологијата на македонизмот.

„Таа го монополизира целиот регион Македонија. Бидејќи постои неприфаќање на историските факти дека на територијата на Македонија (поширокиот поим, вклучувајќи го и оној дел кој е во Грција) мнозинството население биле Бугари. На тој начин, прифаќајќи ги меѓународните договори меѓу Бугарија и Грција за размена на население, Македонија прифаќа дека граѓаните се изјаснуваат како Македонци по 1945 година и немаат никакви претензии за тоа што се случило пред тоа. /…/ Се гледа дека оние луѓе кои најмногу ја поддржуваат онаа теза за античкото потекло на Македонците, во дадениов момент се проруски ориентирани и нема да се изненадам ако во времето се покаже дека во овој процес на антиквизација има и надворешно мешање – поскоро од Грција и Русија. А стратегијата им е фрлање на една тема која да спречи Македонија да стане членка на НАТО „.

Според него меѓу Бугарија и Македонија нема конфликт меѓу граѓаните, тој се поттикнува однадвор и не е ефективен.

Целото интервју со Мирослав Ризински може да го погледнете тука.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO