Од моментот на потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, навистина се случија многу позитивни работи. Позитивните беа повеќе за Македонија, но  имаше такви и за Бугарија, Така ја коментира годишнината од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, Мирослав Ризсински од Бугарскиот културен клуб-Скопје, во ʺСветот е бизнисʺ со водечкиот новинар Николај Крастев.

„Политичкиот процес на стабилизација на регионот започна со потпишување на овој договор, а како последица токму за време на претседателство на Бугарија, Македонија доби покана за преговори со ЕУ“.

Тој истакна дека има позитивни примери во односите меѓу Бугарија и Македонија во сите сфери – економија, култура, спорт.

Според него, обемот на трговијата од потпишувањето на договорот е многу повисока – од 15-20%.

„Можеби динамиката која е запишана во самиот договор, во однос на историските комисии малку не се почитува, но како што знаеме веќе и од двете страни овие комисии се оформени и очекуваме да ја започнат својата работа. Она што радува е дека утре очекуваме посета на Зоран Заев во Благоевград на заедничка прослава на Илинденско-Преображенското востание, кое е исто така дел од овој договор, бидејќи и двете страни се согласиле за заедничко прославување на историски датуми од нашето заедничко минато „.

Што се однесува до референдумот за името на Македонија, Ризински објасни дека од правна гледна точка самиот референдум е консултативен и не е обврзувачки.

„Распишан е согласно потпишаниот договор меѓу Грција и Македонија, а прашањето е единственио можно и логично“. Повеќе од јасно е каков е ставот на Грција во однос на отворањето на вратите за Македонија за членство во НАТО и во ЕУ, а тоа е промена на името „.

Целото интервjу со потпретседателот на БККС Мирослав Ризински, може да го погледнете тука.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO