Пронајден е оригиналниот ракопис на католичкиот архиепископ Петар Богдан, кој датира од 17 век. Тоj претходи на „Историја словенобугарска“на Паисиj Хилендарски со повеќе од еден век. Откритието е на проф. Лилија Илиева. Тимот на филолози и преведувачи го подготвува ракописот за печатење.

Извадок од предговорот на ракописот на Петар Богдан: „Мнозина са описвали българската история, всеки както е смятал за вярно или похвално. Поставих си за цел да не се разпростирам по-нашироко, отколкото е редно, нито любовта ми към родината да преувеличи нещо.

Проф. Лилија Илиева од Југозападниот универзитет во Благоевград го открива ракописот во Универзитетската библиотека на Модена. Неодамна е купен од приватна колекција.

Исклучително е значењето на ракописот за историјата на Чипровци, Клисура, Копиловец и Железна и нивната борба против поробителите. Самиот Петар Богдан активно учествува во подготовката и избувнувањето на Чипровското востание. Тој за прв пат го поднесува и бугарскиот герб – лав со царскиот круна.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO