Австрискиот пејач Томас Нојвирт кој победи на Евровизија во 2014 година, планира да ја заврши кариерата, пројавувајќи се како жена со името Кончита Вурст и да ја смени професијата.

„Животот е едно патување и јас, како и секој друг, сум во процес на еволуција. Имам огромна листа со работи кои сакам да ги направам и да се обидам во животот. И многу од нив не го вклучуваат носењето на перика и вештачки трепки“, вели пеачот, кој пристигна во Санкт Петербург. Тој додаде дека веќе работи на вториот музички албум што ќе го снима како Сончита, а потоа ќе продолжи со турнеја во таа улога.

„Посакувам да ми се даде можност некогаш да режирам филм, да крештам на актерите да командувам луѓе, или на пример да станам во моден дизајнер, или да направи нешто креативно, бидејќи јас навистина сум многу креативна личност, имам многу идеи“, вели австрискиот пејач.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO