
Бугарија и Република Македонија имаат заедничка религиозна историја. Бугарската православна црква има шанса да стане мајка црква на Македонската православна црква (МПЦ) со нејзиното признавање. Ова беше кажано пред бТВ од Митрополитот Наум во Струмица.
Тој додаде дека од политички причини се уште не е призната автокефалноста на МПЦ.
„Испративме писмо до Светиот Синод на БПЦ, каде да биде дискутирано прашањето за признавањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од Бугарската православна црква. Чекаме одговор од бугарскиот Синод. Ние сметаме дека, од политички причини, не е призната автокефалноста на МПЦ. БПЦ има шанса со признавање на МПЦ да стане мајка на МПЦ. Ова е ретка историска шанса што БПЦ не треба да ја пропушти „, рече Митрополитот Наум.
Тој истакна дека Република Македонија и Бугарија имаат заедничка религиозна историја. „Бевме дел од Бугарската егзархија. Луѓето тогаш / во крајот на XIX – почетокот на XX век – бел.ред. / биле поделени меѓу Егзархијата и Цариградската патријаршија, но повеќето биле екзархисти „, потсети митрополитот Наум.
Тој го истакна големото значење на договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Бугарија, кој беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов, за развојот на билатералните односи, вклучувајќи го и црковниот дијалог.
Во меѓувреме, Митрополитот Наум изрази жалење дека тоа што политичарите го направиле, не било сторено веќе од архиереите. „Црковните лица требаше да бидат пред политичарите“, категоричен е тој.
