Фатс Домино, чиј ритам е основоположник на зародишот на рокенролот, почина во својот дом во Њу Орлеанс на 89-годишна возраст. Неговото семејство соопшти дека станува збор за природна смрт.

Музичарот направи многу малку јавни настапи во текот на изминатата деценија, но не беше заборавен. Во врвот на својата кариера, тој беше споредуван со Елвис Присли како крал на рокендролот.

Легендата, чие вистинско име е Антоан Домино, се здоби со прекарот по успехот на песната „The Fat Man“ во 1949 година Потоа запиша едни од најголемите хитови на 50-тите години на минатиот век како „Ain’t That a Shame“ и „Blueberry Hill“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO