Легендарната актерка на француското кино Даниел Даријо почина во својот дом во северозападна Франција, соопшти АФП.

Нејзиниот сопруг, Жак Генрен, објави дека нејзината состојба се влошувала во последно време.

Актерката наполни 100 години во месец мај, а филмовите во кои се снимала до средината на 2010 се 140.

Нејзината филмска кариера е една од најдолгите во историјата на кинематографијата – осум децении.

Родена е во 1917 во Бордо и првично учи чело и пијано и се подготвува да станува музикантка. На 14-годишна возраст, тој случајно попаѓа во киностудио.

Во 1931 дебитира во музичкиот филм „Балот“ ( „Le Bal“), со што започнува нејзината филмска кариера која продолжува и во 21 век.

Светска слава добива на 18 години со главната улога во филмот „Мајерлинг“ (1936) за несреќната љубов на наследникот на австроунгарскиот престол Рудолф и ќерката на австрискиот дипломат Марија фон Вечера.

Даријо беше симбол на убавина и префинетост за неколку генерации гледачи во целиот свет. Даријо издаде и два албума со песни.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO