Сликата насликана од Леонардо да Винчи, “ Спасителот на светот“ (Salvator Mundi) ќе биде пуштена на аукција на аукциската куќа „Кристис“ во Њујорк на 15-ти ноември.

„Сликата на Леонардо да Винчи се проценува на околу 100 милиони долари“, рече портпаролот на „Кристис“. Пред тоа ова дело се наоѓаше во колекцијата на англискиот крал Чарлс I. Платното е со димензии 64,5 на 44,7 см ќе биде изложено како специјален лот на наддавањето „Поствоенна и современа уметност“.

Како што се нагласува во соопштението за печатот објавено од аукциската куќа, Лук Сијсан – експерт за творештвото на Леонардо да Винчи, сликата може да била насликана за француското кралско семејство и да попаднало во Англија по женидба на Чарлс I за француската принцеза Хенриета Марија во 1625 година.

Сликата била запишана во регистарот на кралската колекција составен една година по егзекуцијата на Чарлс I во 1649, а потоа била продадена на аукција во 1651 година и во 1666 година се враќа во кралската колекција на Чарлс II. По 1763 година трагите на сликата се губат додека не била пронајдена силно оштетена во 1900 година во приватна колекција. Во 2007 година, сликата е внимателно реставрирана во Институтот за ликовни уметности на Њујоршкиот универзитет. Во 2008 година, група од меѓународно признати експерти за делата на Леонардо да Винчи го истражуваат платното во Националната галерија во Лондон и сго поредуваат стилот на цртање со друго познато дело на мајсторот „Мадоната на карпите“.

Според група експерти, сликата „Спасителот на светот“ се однесува кон крајот на миланскиот период во креативноста на Леонардо да Винчи во 90-тите години на 15 век, кога ја создал „Тајната вечера“. Друга група од експерти, смета дека е насликана малку подоцна, во почетокот на 16 век, за време на неговиот фиренциски период.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO