Џери Луис, холивудскиот генијален актер и комичар, почина на возраст од 91 година, во неговиот дом во Лас Вегас, потврди неговиот агент. Неговата смрт е потврдена со соопштение објавено на Twitter, кое го објави новинар од Las Vegas Review Journal.

„Легендарниот комичар Џери Луис почина од природна смрт во својот дом. Во тие моменти со него беше неговото семејство“, вели соопштението.

Вистинското име му беше Џозеф Левич, беше роден во Њу Џерси во еврејска фамилија со руско потекло.Тој беше актер но и продуцент и режисер. Неговото лице беше познато во целиот свет преку неговите комични гримаси и имитации. Зад него остави над 60 филмови. Славата дојде по неговата средба со Дин Мартин во 1946 година и нивното заедничко учество во шоуто на Ед Саливан во 1948 година.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO