Поп иконата Мадона го слави 59-тиот роденден. Празникот таа го пречека со бурни танци. Или барем така изгледа од видеото споделено од ѕвездата на социјалните мрежи. Мадона е во шикозен туристички комплекс на море, недалеку од градот Бриндизи, Италија.

Мадона е родена на 16 август 1958 година во Беј Сити, Мичиген. Таа е третата од вкупно осум деца во семејството и израснала во силна католичка атмосфера. Од почетокот на 80-тите години до денес Мадона прави светска музичка кариера. Пејачката има огромен успех и ги покорила срцата на феновите во над 100 земји со продадени над 30 милиони албуми во вредност од околу 100 милиони долари.

Има 13 издадени албуми и спроведени 10 светски турнеи, а во 1997 година актерката има „Златен глобус“ за улогата на Евита Перон во филмот „Евита“. Мадона сепак ги определува двете биолошки и четирите посвоени деца како своето „најголемо достигнување“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO