Британскиот актер Даниел Крег повторно се отелотворува во ликот на Џејмс Бонд. Тој го кажа тоа во „Касното шоу со Стивен Колбер“, цитиран од „The Hollywood Reporter“.

Актерот вели дека го знае тоа неколку месеци.

Крег исто посочи дека новиот филм може да биде последен во неговата кариера.

„Имам потреба од одмор“, изјави тој.

Претходно во интервју за Бостонското радио актерот ги негираше информациите дека ќе учествува во новиот филм за агентот 007.

Филмската куќа „Метро-Голдуин-Маер“ неодамна објави дека новата лента ќе биде објавена во ноември 2019 година.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO