
Оставка од сите позиции во најголемата, но опозициска македонска партија ВМРО-ДПМНЕ објави Сашо Мијалков, поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање.
Тој е братучед на поранешниот премиер Никола Груевски и беше сметан за највлијателниот човек во државата за време на управувањето.
„Ја информирам јавноста дека се откажувам од политичката активност. За да завршат сите активирани судски постапки во кои сум убеден дека ќе се докаже вистината, зедов лична одлука да се откажам од сите партиски функции. Останувам со верување дека мојот ангажман и професионална дејност за Македонија, кога работев во државните институции, ќе бидат оценувани од една историска дистанца „, тврди Сашо Мијалков. Тој рече уште дека останува верен на каузата на партијата и на визијата за развиена и модерна Македонија, членка во ЕУ и НАТО.
