На денешната седница владата на Р. Бугарија го одобри проектот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.

Потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија е израз на желбата на Република Бугарија да гради добрососедски односи, основани на европските вредности. Очекуваните резултати по потпишувањето на договорот ќе бидат: соработка во двостран и повеќестран план, проширување на транспортните врски и комуникации, учество и усвојување средства по регионални инфраструктурни и по транс-гранични проекти, како и олеснување на контактите помеѓу граѓаните на двете држави.

Претходно беше соопштено дека на денешното седница Владата на Македонија го одобрила нацрт договорот. Во 15.00 часот денеска во Скопје  македонскиот премиер Зоран Заев ќе одржи прес-конференција, на која ќе ја запознае јавноста за подготвениот договор за пријателство и добрососедство со Бугарија.

Со друго свое решение кабинетот „Борисов 3“ го одобри и Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Република Бугарија и Министерството за транспорт и врски на Република Македонија за развој на железничките врски меѓу Софија и Скопје. Бугарската страна презема обврска за да се комплетира железничката врска по правецот Софија – Перник – Радомир – македонска граница до 2027 година, Македонија од своја страна, се обврзува да го изгради железничкиот правец Крива Паланка – Деве Баир – бугарска граница до крајот на 2025 година Владата на Бугарија го овластува министерот за транспорт, информатичка технологија и комуникации да го потпише меморандумот во име на кабинетот.

На седницата на Министерскиот совет денеска беше одлучено и дека Бугарија и Македонија ќе соработуваат во областа на природниот гас.

Во согласност со своите државни енергетски политики и заедничката енергетска политика на ЕУ и Енергетската заедница, Бугарија и Македонија ќе соработуваат со цел истражување на можностите за развој на нова директна врска меѓу гасните системи на двете земји. Ова е предвидено во проектот на Меморандумот за разбирање за соработка во областа на природниот гас меѓу Министерството за енергетика на Република Бугарија и Министерството за економија на Република Македонија, одобрен од страна на Владата на денешната седница.

За исполнување на целите на Меморандумот ќе биде формирана заедничка гасна работна група, која во рок од шест месеци од влегувањето на документот во сила ќе подготви однапред техничко-економска студија за изградба на гасната врска. Таа треба да претстави анализа на техничките, пазарните, економските, финансиските и регулаторните аспекти на проектот и да идентификува решенија за потребната инфраструктура на територијата на двете држави. Врз основа на резултатите од овие студии ќе бидат земени последователни одлуки во врска со изградбата на нова гасна врска меѓу двете земји.

Потпишувањето на Меморандумот е целосно во согласност со целите на соработка во Енергетската заедница, создавање на регионален енергетски пазар во Југоисточна Европа и неговото целосно интегрирање со внатрешниот енергетски пазар на ЕУ. Документот ги зема во предвид придобивките за безбедноста на испораките за регионот на Југоисточна Европа и ЕУ од имплементацијата на проектите од Јужниот гасен коридор, вклучувајќи ги и меѓусистемските врски Грција-Бугарија, Турција-Бугарија, регионалниот газоразпределителен центар „Балкан“, како и други проекти од заеднички европски интерес во областа на гасната инфраструктура.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO