Се надеваме договорот да постави нов почеток во нашите односи, но нека да сме реалисти – процесот ќе биде долг“. Така вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева го коментираше од Тирана пред бугарските медиуми одобрувањето од двете влади на проект договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Република Македонија, соопштија од МНР.

„Овој договор дава навистина можност за подобрување на односите и можност историјата да не обединува, а не да не разединува и да гледаме заедно напред во заедничката иднина“, додаде министерот Захариева и посочи дека има многу такви примери за држави во Европската унија.

Од Тирана, каде продолжува официјалната турнеја во земјите од Западен Балкан, министер Захариева додаде дека „Бугарија има интерес сите соседи да бидат членови на ЕУ, да бидат развиени демократии, да не бидат затворени и изолирани, но пред сè да не бидат антибугарски „.

Договорот е плод на „серија напори на владите, почнувајќи од 2008 година“, додаде таа, истакнувајќи дека тој е во интерес на двете страни. „Многу е важно за него дека почива на декларацијата од 1999 година, тој ја надградува“. Договорот предвидува механизам за следење на спроведувањето на договорот од двајцата министри за надворешни работи секоја година.

Освен тоа дава можност за подобра економска соработка, да ги сврземе економиите. „Сега дури немаме пат за тоа, а луѓето сакаат да се заедно“, додаде министерот Захариева.

Двете влади ги овластиле премиерите да го потпишат договорот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO