Договорот за пријателство со Бугарија претставува нов дух на новата генерација политичари кои градат мостови, а не рушат. Мојата влада и јас лично сакамe партнерство и пријателство. Ова го изјави македонскиот премиер Зоран Заев на вонредна прес-конференција во Скопје.

Овој договор докажува дека од другата страна имаме пријател, кој сака да одиме напред. Договорот ќе биде објавен на веб страницита на Владата и секој ќе може да го прочита и да се запознае со него. Овој договор ќе ги придвижи билатералните односи напред. Трговската размена во моментов е 500-600 милиони евра, зошто да не биде 1 милијарда, рече Заев.

Овој договор овозможува реализацијата на Коридорот №8. Тој дава европска перспектива за младите. Заедно стоиме против говорот на омраза, пропагандата, непријателството и недобронамерната пропаганда.

Заедничкото минатото и историјата стануваат основа за нашата иднина. За Република Македонија е многу важно дека Бугарија безусловно го поддржува членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Тоа ќе го сподели своето искуство за европскиот пат.

Успехот на овој договор е успех на многу влади и политичари во последните 10 години. Очекувам опозицијата да учествува и да го поддржи овој договор. Република Македонија станува пример за партнерство во Југоисточна Европа, рече уште Заев и истакна: Договорот ќе биде потпишан на македонски согласно Уставот на земјата и на бугарски согласно Уставот на Бугарија.

ТАТКОВИНА потсетува дека денес владите во Скопје и Софија официјално соопштија дека Договорот за пријателство е одобрен за време на седниците на владите во двете држави.

Договорот за добрососедство со Бугарија одговора на интересите на Македонија и македонскиот народ, тој е во склад со интеграциската насока на нашата земја, уште истакна Зоран Заев. Бугарија не поставува никакви услови на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и е подготвена да ни помага и го сподели своето искуство за нашиот евроатлантски пат уште истакна Зоран Заев.

Договорот ќе биде потпишан на 1 август во Скопје, прецизираше Зоран Заев во одговор на едно од прашањата.

Според него, договорот предвидува двете страни да побараат права на своите државјани.

Во одговор на друго прашање Зоран Заев рече дека договорот ќе стане бариера против бегството на македонските младинци во Бугарија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO