„Имавме особено плодна средба со премиерот Бојко Борисов, разговаравме и за договорот меѓу Бугарија и Македонија, што треба да биде потпишан. Силно го ги поддржуваме напорите на бугарската и македонската влади да го постигнат и потпишат овој договор „.

Тоа го изјави денеска пред медиумите во Министерскиот совет американскиот амбасадор во Софија  Н.Е. Ерик Рубин по едночасовна средба со премиерот Бојко Борисов.

Го поддржуваме прогресот кој Бугарија и Грција го постигнуваат за да се доврши проектот за интерконекторна врска меѓу двете држави во насока на диверзификација, продолжи амбасадорот.

Запрашан за неговото мислење заизготвените промени во судскиот закон, Ерик Рубин истакна дека темата на средбата се ограничила само до надворешната политика.

Силно го поддржуваме прогресот кој беше постигнат во регионот при што се фокусиравме на Балканот и бугарското претседателство на Советот на ЕУ, истакна амбасадорот на САД. Бугарија може да одигра клучна улога за да помогне за влез на земјите од Балканот во ЕУ, посочи тој.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO