Парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ инсистира на итна и отворена седница поради претстојниот договор за потпишување со Бугарија.

Собранието треба да го разгледа договорот и да дојде до решение дали треба да се потпише или не договорот, изјави на прес-конференција пратеникот Илија Димовски

Според партијата договорот е штетен за Македонија.

„Парламентот сака да го добие договорот. Владата може да го крие за кратко време, бидејќи договорот не е добар за Република Македонија.

Според Димовски договорот ќе отвори стари историски рани, ќе донесе болка на многу семејства, чии предци биле жртви и се бореле за автономија, самобитност и самостојност на Македонија, за културна и историска самостојност на македонскиот народ.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO