Владата на Република Бугарија го одобри Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Република Бугарија и Министерството за транспорт и врски на Република Македонија за развој на железничките врски меѓу Софија и Скопје.

Бугарската страна презема обврска за да се комплетира железничката врска по правецот Софија – Перник – Радомир – македонска граница до 2027 година,  Македонија од своја страна, се обврзува да го изгради железничкиот правец Крива Паланка – Деве Баир – бугарска граница до крајот на 2025 година

Владата го овластува министерот за транспорт, информатичка технологија и комуникации да го потпише меморандумот во име на Кабинетот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO