По пауза од две години, вчера во Брисел се одржа состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу претставниците на ЕУ и Македонија. Во него учествуваа македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот Бујар Османи, како и комесарот за надворешна политика Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан. Европската комисија вети силна поддршка за земјата.

По средбата Могерини изјави дека гледа нов почеток и силна посветеност за реализација на потребните реформи во Македонија. Таа изрази задоволство од новите сигнали кои доаѓаат од Скопје.

Могерини и Хан ја поздравија заложбата за решавање на отворените прашања со соседите во регионот. Димитров од своја страна, вети дека новата влада ќе изгради независни институции.

„Главната ветување кон граѓаните е да се работи за изградба на независни и функционални институции, кои ќе му помогнат на Скопје да управува преку Законот, а не преку лидери. Ова ни дава силно партнерство со ЕК“, посочи шефот на македонската дипломатија.

Беше засегнат и спорот со Грција за името на Македонија. Димитров рече дека компромис со Атина е можен. Тој, сепак, го отфрли името ПЈРМ, велејќи дека звучи на клингонски, правејќи аналогија со серијалот „Ѕвездени патеки“.

„Мораме да најдеме начин и двете страни да продолжат понатаму со гордо кренати глави. Мислам дека тоа е можно“, додаде тој.

Могерини не го коментираше директно спорот, но рече дека „новата влада е подготвена да ги спроведе потребните реформи и постои реална можност земјата да се придвижи на патот на интеграцијата кон ЕУ“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO