Извикувајќи слогани за демократија, неколку илјади Полјаци учествуваа вчера во Варшава на митингот против контроверзните реформи во судството, кои ја ограничуваат независноста на судството.
Демонстрантите вееја знамиња на ЕУ и Полска и извикуваа „Ќе ја заштитиме демократијата!“ на демонстрации пред парламентот. Минатата недела пратениците одобрија законски измени кои, според опозицијата и даваат на владејачката партија „Право и правда“ можност да се меша во работата на судовите.
Демонстрантите го нарекоа претседателот на „Право и правда“ Јарослав Качински диктатор.