Европската унија и Велика Британија го започнаа вториот круг од разговорите за излез на Обединетото кралство од заедницата.

Пред почетокот на средбата, главниот преговарач на ЕУ Мишел Барние изјави дека ќе се дискутира за „неодложни проблеми“.

„Постигнавме значителен напредок во текот на првиот круг, сега минуваме кон разгледување на поитни проблеми за Брекзит. Во четврток ќе ги сумираме резултатите од овој круг „, коментираше Барние.

Преговорите се одржуваат во седиштето на Европската комисија во Брисел.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO