Главатарот на терористичката група „Исламска држава“ Абу Бакр ал Багдади е жив и се крие на територијата на Сирија, изјави директорот на службата за разузнавање и контратерористички операции при Министерството за внатрешни работи на Ирак Абу Али ал Басри, цитиран од телевизискиот канал „Ал Арабија“.

Телевизијата наведува дека Ал Басри ја демантирал информацијата за загинувањето на Ал Багдади и рекол дека „тој продолжува да се крие во Сирија“, но не е во провинцијата Рака.

На 11 јули Телевизискиот канал „Ас Сумарија“ соопшти повикувајќи се на локален извор од провинцијата Најнава дека борците на ИД објавиле за загинувањето на Ал Багдади.

Тие направиле кратко соопштение во кое соопштиле за смртта на лидерот и дека наскоро ќе го објават името на неговиот наследник.

Претходно ирански медиуми раширија снимки, потврдувајќи за смртта на Ал Багдади. Во средината на јуни од руското воено министерство соопштија дека лидерот на ИД загинал при руски воздушен удар, а со него се ликвидирани уште 300 џихадисти.

На 14 јули американскиот министер Џејмс Матис, рече дека Министерството за одбрана на САД не може да потврди дека Ал Багдади бил ликвидиран.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO