Постигнатиот компромис е добра основа за потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, изјави македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров.

Тој го рече тоа на заедничката прес-конференција со државниот секретар во германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот, кој се наоѓа на посета во Скопје.

Во одговор на прашање за договорот кој што се подготвува, Никола Димитров возврати дека уште е рано да се објават детали од договорот. „Објавувањето на точните формулации сега може да влијае на консултациите. Она што можам да кажам е дека македонската и бугарската страна се раководеа од почетокот од тезата дека „ако те уништам, ќе се уништам и себе“. Постигнатиот компромис е добра основа да биде потпишан договорот и ние и Бугарија со горда и исправена глава ќе го потпишеме. Има уште три недели до посетата на премиерот Бојко Борисов, претстојат и некои чекори во рамките на кои треба да се информира Владата и другите политички актери, пред да биде информирана и јавноста „, истакна македонскиот министер за надворешни работи.

„Новата влада презеде бројни мерки кои треба повторно да воспостават доверба, меѓу другото со Грција, но и со Бугарија, изјави за возврат германскиот дипломат исто како одговор на поставено прашање. Сигурен сум дека македонската влада ќе работи и во иднина за намалување на тензиите и градење на доверба. Долку раката е подадена, јас очекувам од другата страна да биде стисната оваа подадена рака. Никој надвор од Македонија и надвор од Грција не го разбира овој спор (за името), кој целосно е апсурден. Историјата треба да остане историја и треба да одиме задно кон иднината. Германија е подготвена да помогне во таа насока „, увери гостинот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO