
Денес од 13:00 часот по местно време во зградата на Европскиот парламент во Брисел ( сала ASP 1H1 ) се спроведе средба под наслов ʺМакедонија и нејзиниот пат кон европската интеграцијаʺ, под патронство на бугарскиот европратеник Ангел Джамбазки.
На неа свои излагања претставиjа заменик претседателот на Македонскиот научен институт – доц. д-р Георги Николов, научниот секретар на институтот д-р Володја Милачков и членови на Младинскиот клуб при МНИ ʺДаме Груев“.
Европските пратеници кои присуствуваа на средбата дадоа безрезервна поддршка за членство на Македониjа во ЕУ и НАТО, се обединија во стремежите за неjзина поддршка, но и изразија загриженост од мешањето на надворешните сили.
