Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, повторно изрази жалење за признавањето на Република Македонија од страна на Србија под нејзиното уставно име.

„Лично сметам дека Србија направи грешка пред 20 години, кога го призна Скопје под неговото уставно име Република Македонија. Тоа нешто не беше коректно спрема Грција“, рече Дачиќ по средбата со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коцијас во Атина.

„Скопје отсекогаш имал негативен став по прашањето за Косово и Метохија … Тие ја признаа независноста на Косово и гласаа за прием во УНЕСКО“, рече уште Дачиќ.

Според него, властите во Белград нема да преземат дејствија, кои ќе го дестабилизираат регионот, бидејќи „Србија, за разлика од другите народи, нема територијални претензии кон Грција“. За време на разговорите тој разговарал за миграциската криза, односите со Турција, проблемите со великоалбанскиот национализам и споровите околу името на Република Македонија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO