Направени се видливи позитивни движења по формирањето на новата реформска влада на Македонија, коjа добива силна поддршка од страна на Германија.

Тоа го рече државниот секретар за европски прашања во германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот по разговорите со премиерот Зоран Заев во Скопје. Според него „Заев е лидер кој може да изврши позитивни промени во Република Македонија и за нејзините граѓани“.

„Владата е решена да гради мостови за соработка со соседите и со пријателите од меѓународната заедница кои jа поддржуваат Македонија во демократските процеси“, рече од своја страна премиерот Зоран Заев и се заблагодари на Рот за „големата принципиелна и пријателска поддршка во процесот за надминување на политичката криза и реализацијата на стратешките цели на земјата – интеграцијата во ЕУ и НАТО „.

„Германија ќе продолжи да го поддржува реформскиот процес во Македонија, кој треба да jа гарантира правната држава, слободата на говорот и европските вредности во земјата“, истакна германскиот дипломат.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO