Фискалната состојба на Република Македонија среднорочно веќе е загрозена. Мора да бидат превземени сериозни мерки за да не дојде до сериозни турбуленции во јавните финансии.

Ова го изјави претседателот на македонската академија Таки Фити. Тој потсети дека само за 6 години јавниот долг на земјата се зголемил двојно. Поради оваа причина динамиката на растот на БДП е многу повисока од зголемувањето на јавниот долг и самото враќање на долгот е тешко. Друг факт е дека нашиот вкупен надворешен долг надмина 70%, вклучувајќи го и корпоративниот, бидејќи и тој мора да се враќа. Според овој показател ние сме презадолжени – 73-74%, предупреди академикот.

Сервисирање на долговите секогаш е поврзано со приходите од извозот. Во последните години Македонија има подобрување на извозот благодарение на индустриските зони, но, тој не е доволен за да може да им служи на своите обврски. Во моментов сме во ситуација да земаме скапи кредити однадвор за итни буџетски трошоци, а тоа нешто е недозволиво – за дефицитот во пензискиот фонд, за платите на јавната администрација, за зголемување на пензиите и слично Со еден збор така не може повеќе., Предупреди Таки Фити.

„Сите анализи кои ги правиме во Македонската академија последните 3-4 година за оваа буџетска експанзија, докажуваат дека овие фискални трошоци во последните години и особено оние кои се користат во еден нерационален и непродуктивен начин од буџетот, а во исто време имаме надворешни долгови преку скапи заеми и еврообврзници, немаат никаков мултипликативен ефект во економијата „, заклучува академик Таки Фити за  телевизија“ 24 Вести „.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO