Министрите за надворешни работи на Бугарија и Македонија – Екатерина Захариева и Никола Димитров ќе ги финализираат сите детали околу Договорот за добрососедство, пренесува „Плюсинфо“. Двајцата дипломати ќе разговараат денеска и утре (8 и 9-ти јули) во Софија.

ТАТКОВИНА потсетува дека вчера премиерот Бојко Борисов рече дека Бугарија ќе и помогне на Македонија да влезе во НАТО. договорот за добрососедство, кој очекуваме да го потпишеме во август, е многу важен, смета Борисов. „Треба како на најблизок сосед и народ да оставиме историчарите да се расправаат, но поголемата тема е Македонија во НАТО и ЕУ, смета премиерот. Подобро ли е за Бугарија една застрашена од немири држава на нашата граница? Договорот за добрососедство треба да тргне и ако него не можеме да го потпишеме, за што друго да зборуваме „, запраша премиерот. Тој го одбележа влијанието тука на Србија, на Грција, на САД, Русија, итн , Но „мислам дека интересот на Бугарија е да и помогнеме Македонија да влезе во Северноатлантскиот пакт“, истакна Борисов.

Министерот за надворешни работи Екатерина Захариева вчера изјави дека националниот интерес на Бугарија изискува подобрување на односите со Македонија. Ако сега при оваа добронамерност од страна на Македонија, не го потпишеме договорот за добрососедство, кога ќе го потпишеме, истакна таа. Според Захариева е многу важно конкретното потпишување на договорот за добрососедство, бидејќи е знак дали навистина Македонија ќе го промени својот став. „Се случи многу од нивна страна – како сопирање на дејствија од страна на институциите таму кои ја нарушуваат репутацијата на Бугарија во меѓународни институции. Ако сега при оваа добронамерност од страна на Македонија, не го потпишеме овој договор, кога ќе го потпишеме, посочи министерот за надворешни работи Захариева..


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO