
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде во состоjба на изолација за време на средбата на Г-20 поради својата скептична позиција за климатските промени. Ова го изјави германскиот канцелар Ангела Меркел, нагласувајќи дека многу држави се решени да го испочитуваат мировниот договор за климата.
Според зборовите на канцеларот Трамп може и да ветил да gi изведе САД од договорот за заштита на климата, но „многу, многу други земји сакаат да продолжат со неговото спроведување“.
Напорите за ограничување на климатските промени се една од главните теми кои ќе се дискутира за време на средбата на Г-20 во Хамбург, која почнува денеска. Меркел изјави дека разговорите со Трамп на оваа тема „нема да се лесни“, откако тој во минатото го нарекувал глобалното затоплување „измама на Кина“.
