Американското разузнавање смета дека по претседателските избори во 2016 година во САД е зголемен бројот на руските шпиони. Таквото тврдење е објавено на сајтот на CNN во четвртокот.
Изворите на телевизијата знаат за 150 руски шпиони кои работат на територијата на САД. Тие забележуваат дека руското разузнавање ги зголемило силите откако од САД беа протерани 35 дипломати. Тоа се случи во декември 2016 година.
Се одбележува дека и покрај незадоволството на американските специјални служби од давањето на американски визи на осомничени за шпионажа руски државјани, процесот на добивање на виза за Русите не се променил.
Поранешниот директор за специјални операции на ЦИА Стив Хол објасни пред CNN, дека целта на руските шпиони е собирањето на информации за „непредвидливиот за Москва“ претседател на САД Доналд Трамп.