Најмалку 400 000 лица од јапонските префектури Фукуока и Оита на југозападниот остров Кјушу добија од властите препорака да се евакуираат во врска со поројните дождови, поради кои реките се излеаја од своите корита. Девет лица се сметаат за исчезнати. На место се испратени воjници од силите за самоодбрана.

Во моментов во областа каде што беснеат бури и се излеваат порои, работат 7 000 воjници, спасители, пожарникари и полицајци. Во случај на неопходност 40 хеликоптери се во подготвеност да полетаат. Телевизиите пренесуваат постојано кадри од погодените области.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO