Договорот меѓу Бугарија и Македонија е потребен. Нема работи за кои не може да се разбереме со Бугарија. Има и чувствителни прашања, но тие бараат искреност, решителност и добра волја.

Овој договор е потребен и многу добар. На овој начин ќе ја подобриме ситуацијата / атмосферата /, не само меѓу Бугарија и Македонија, но воопшто во целиот регион.

Според мене, по потпишувањето на договорот односите целосно ќе се нормализираат и ќе имаме блиски добрососедски односи. Очекувам некои нешта да се одложат и да се дискутира кога е можно, нешто што е проблематично. Но основните насоки треба да се зацртани од овој договор.

До денес немаме вистинска транспортни комуникации со Бугарија. Тие се доста бавни – и откај Ново Село-Петрич, и од Крива Паланка и Ѓуешево. Тие се премногу бавни и скапи. Но ако ние направиме добра врска – Бугарија и Македонија – ако направиме и енергетски врски, на пример многу гасоводи минуваат низ Бугарија. Од тоа нешто ќе имаме корист и ние, и вие.

Ако имам можност да седнам на иста маса со премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев ќе им го кажам следново: Да не робуваат на старите предрасуди. Светот е променет. Денес е потребно да имаме широк поглед, за да може да бидеме носители на претстојните процеси, да не бидеме сопирачка. И двајцата лично на мене многу ми се допаѓаат. Доаѓаат подобри работи за сите нас.

…………………..

Коментарот на еден од доајените на македонската политика и поранешен претседател на парламентот во Скопје Стојан Андов беше направен специјално за Агенција БГНЕС


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO