Специјалниот претставник на ОН во преговорите меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, од денеска до 4 јули ќе биде во Скопје на разговори околу спорот за името.

Од прес-службата на ОН соопштија дека претставникот пристигнува во Скопје на покана на македонската влада со цел да разговараат за начините за постигнување на напредок за заемно прифатливо решение за прашањето.

Во соопштението се додава дека на покана на Владата на Грција, е предвидена посета на Нимиц и во Атина.

Метју Нимиц неодамна изјави дека решавањето на прашањето за името треба да биде првo на агендата на новата влада во Скопје. Тој истакна дека очекува да започнат сериозни преговори за решавање на проблемот кој постои меѓу двете земји. Решавањето на овој проблем, според него, може да помогне да се надминат и други проблеми во регионот.

„Спорот може да се реши, ако и двете страни и нивните лидери добијат поддршка од своите народи и прифатат логично решение кое ќе го задржи достоинството и индивидуалноста на двете држави од историска гледна точка. Мислам дека има начин „, рече Нимиц.

Специјалниот претставник на ОН во преговорите меѓу Македонија и Грција за последен пат ја посети двете земји кон крајот на јули 2014 година


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO