Кривичниот суд во Скопје ги одзеде пасошите на две лица – Ивона Талевски и Драган Петровиќ – Латас по барање на Специјалното јавно обвинителство / СЈО /.

Двајцата новинари и нивните имиња се поврзани со агресивната кампања против опозицијата за време на владеењето на Никола Груевски. Контролираните од Латас печатени изданија, интернет-сајтови и телевизија добиваа десетици милиони евра по различна форма од државни институции. Минатиот февруари / 2016 година, бел.ред. / За време на гостувањето на сегашниот премиер Латас си дозволи да го нарече Зоран Заев: „изрод и криминалец“. За време на „крвавиот четврток“, на 27-ми април, Латас и Ивона си правеа селфи при погромот на македонскиот парламент, а нивните медиуми соопштуваа, „дека народот ја заштитил земјата“. При нападот на Народното собрание беа повредени повеќе од 100 лица, вклучувајќи го и сегашниот премиер. Заедно со првата група,  во законодавниот дом, влезе и службеникот на српските тајни служби Горан Живајевиќ кој многу брзо потоа избега од Република Македонија.

Одлуката на Кривичниот суд дојде 24 часа по барањето на СЈО за притворање на вкупно 18 физички и правни лица, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот шеф на разузнавањето Сашо Мијалков и други високи функционери на партијата ВМРО-ДПМНЕ поради различни нарушувања на законот – поранешните министри Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска, Елизабета Канчевска-Милевска и скандалозниот новинар Драган Павловиќ-Латас, кој беше главен уредник на телевизијата „Сител“. Шефицата на СЈО Катица Јанев е убедена дека ќе се докаже нивната вина за време на судските процеси. Своето мислење СЈО го претстави ден пред за истече нејзиниот мандат. До доцна вчера СЈО внесуваше докази за извршените злосторства. Во соопштението на Кривичниот суд се вели дека судот ќе продолжи да ги разгледува и останатите барања на СЈО, но за тоа е потребно време.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO