Кривичниот суд во Македонија може да го продолжи 24-часовниот рок за донесување одлука за притвор на поранешниот премиер Никола Груевски и други високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ, како што беше побарано од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), изјави претседателот на судот Стојанче Рибарев.

Вчера СЈО побара притвор за вкупно 18 физички и правни лица, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот шеф на разузнавањето Сашо Мијалков и други високи функционери на партијата ВМРО-ДПМНЕ поради различни повреди на законот – поранешните министри Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска , Елизабета Канчевска-Милевска и скандалозниот новинар Драган Павловиќ-Латас, кој беше главен уредник на телевизијата „Сител“. Шефицата на СЈО Катица Јанев е убедена дека ќе се докаже нивната вина за време на судските процеси.

Своето мислење СЈО го претстави ден пред за истече неговиот мандат.

Против Груевски се покренати обвиненија за незаконско финансирање на предизборна кампања, нарушувања на избирачките права и добивање на награда за незаконски дејствија.

Во рок од 24 часа Кривичниот суд треба да донесе одлука за нивниот притвор или други мерки за неотклонување и неговиот претседател рече дека судиите прават се, за да се испочитува овој рок. Но поради големото количество доставени материјали, а затоа што продолжуваат да пристигнуваат уште податоци од Специјалното обвинителство, овој рок може да биде продолжен. Стојанче Рибарев не прецизираше со колку точно – со неколку часа или со уште 24 часа или дури и повеќе.

Поранешниот министер за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, која беше меѓу најблиските на Груевски, доби три обвиненија – за учество во злосторничка група, нарушување на избирачкото право, злоупотреба на службената положба и фалсификување на лични документи.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO