За многумина Свети Дух е еден од многуте црковни празници, малкумина од нив си спомнуваат дека пред повеќе од половина век тој го имал истото значење како и Денот на бугарската писменост и култура – 24 мај и Денот на народните будители – 1 ноември.

Во периодот од 1912 до 1918 година Бугарија учествува во три војни, кои имаат за цел обединување на земјата. Две од нив Втората Балканска / 1913 / и Првата Светска / 1914-1918 / завршуваат со две национални катастрофи. Идеалот за обединување е изгубен. Поголемиот дел од Македонија, нејзиниот Вардарски и Егејски дел населени со компактно бугарско население, попаднале соодветно под српско и грчко владеење. Затворени се бугарските училишта и цркви. Стотици илјади Бугари се протерани и стануваат бегалци во старите предели на Бугарија.

Како одговор на тешкото угнетување, кој има за цел да ја уништи бугарштината во тие земји, ВМРО се крева на вооружена борба против окупаторите. Во оваа напрегната атмосфера Бугарите започнуваат да го слават Свети Дух како Ден на Македонија и паднатите бугарски херои. Помеѓу двете светски војни Свети дух се одбележува со многуилјадни поворки во кои учествуваат како елитата на македонските бугари, така и бегалците, изгонети од своите родни домови.

За прв пат тој се слави на 6 јуни 1923 година Тогаш младите од студентското друштво „Вардар“ кон СУ „Св. Климент Охридски“ го почитуваат споменот на двајца војводи на ВМРО – поетите Илија Кушев и Љубомир Весов, кои загинале во 1922 година во борба со српските окупациски сили.

На овој ден ние се молиме на жртвите на Кресненско-Разлошкото востание во 1878, Мелничко востание од 1895, Горноџумајско востание од 1902, Илинденското востание од 1903. Оддаваме почит пред сите кои се бореа и паднаа за слободата на Бугарите во Македонија. Се поклонуваме и пред паметта на илјадниците Бугари кои станале жртва за време на Тиквешкото востание во јуни 1913, Охридското востание во септември 1913, кои се подигнале против новите српски окупатори. Длабок поклон пред 200 000 бугарски офицери и воини, кои ги дали животот за ослободувањето на Македонија и обединување во периодот 1912-1918.

Свети Дух е ден на будење на бугарската национална памет. Ден на протест против сите кои ја ограбуваат и фалсификуваат историската вистина, го оспоруваат националниот и културниот идентитет на Бугарите во Македонија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO