
„СДСМ уште не е влезена во парламентот и почна да релативизира. Толку вреди нивната збор“, реагираа од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека луѓето чекаат субвенции, поголеми просечни плати од 30000 денари, како што ветуваа тие смислуваат црни сценарија за ВМРО-ДПМНЕ, со цел народот да заборави на лажните ветувања кои СДСМ ги расфрлаше во изминатиов период. СДСМ знае да управува само со лажни ветувања и црни сценарија „, се вели во соопштението од опозицијата.
Од таму тврдат дека наместо СДСМ да спроведува реформи, за кои долго време зборуваше, тие организираат „хистерични хајки“ против ВМРО-ДПМНЕ со цел да се елиминира единствената политичка партија која деноноќно работи за националното единство и просперитетот на сите граѓани во државата.
„Деструктивната политика на СДСМ се повеќе се забележува. Налудничаво е СДСМ да зборува за судскиот систем, но сосема очекувано е да се бега од исполнување на економските ветувања. Првата изјава на Зоран Заев не е за покачување на пензиите или зголемување на просечната плата. Во исто време, неговата прва изјава беше за смена на Јавниот обвинител „, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
