
„Евентуална земјотресна промена“ напиша „Њујорк тајмс“. „Ново поглавје во односите меѓу САД и Европа“, објави „Вашингтон пост“. Коментарите на германскиот канцелар Ангела Меркел, направени во бирарија во Минхен во неделата, влегоа во насловите низ целиот свет. Тоа беше вид манифестација пред јавноста, што таа ќе jа направи стотици пати пред парламентарните избори во Германија на 24 септември. Но, со овие зборови, таа јасно се дистанцира од претседателот на САД Доналд Трамп. И ја повика Европа да се подготви за иднината, во која таа треба да биде многу по самостојна.
„Времето во кое можеме целосно да се потпреме на другите, до одреден степен заврши. Тоа е она што го искусив во последните неколку дена“, рече Меркел. „Затоа можам само да кажам: Ние, Европејците, треба навистина да ја земеме судбината во свои раце.“
Таа продолжи: „Се разбира, во пријателството со САД.“ Таа истакна уште еднаш пријателството со САД во своите забелешки. Но потоа рече: „Ние треба да се бориме за сопствената иднина, како Европејци, за нашата судбина.“
Коментарите на Меркел беа невообичаени во неколку значења. Не само што тоа што таа мораше да каже, беше интересно, но и зошто и кога: на фолклорен фестивал по серијата самити низ кои поминуваше многу време со Трамп. Канцеларотја посочи директно својата напорна недела, за време на која претседателот на САД успеа да ги отуѓи партнерите неколку пати.
И покрај директността на кажаното во неделата од Меркел има неколку отворени прашања на кои треба да се одговори.
1.Зоштонејзините коментари предизвикуваат такво раздвижување во светот?
Во пресрет на патувањето на Трамп во Саудиска Арабија, Израел и Европа, државните и владините лидери низ целиот свет беа склони да покажат хармонија. Оваа заложба сепак заврши – и Меркел е една од главните причини. По победата на Трамп во ноември минатата година многумина гледаат на германскиот канцелар како лидер на слободниот свет и нејзиното појавување во неделата беше нагло прекинување на внимателната реторика поврзана со Трамп, која досега ја беше користела. Се разбира, таа потсети во нејзината поздравна порака по победата на изборите, за вредностите кои се во основата на трансатлантските односи, но сепак постојано се стреми да нагласува повеќе општи црти, отколку поделби. Коментарите на Меркел во неделата се пресвртница, бидејќи ги оспоруваат претходните убедувања – и даваат јасен показател дека таа губи надеж дека може да работи конструктивно заедно со Трамп. Или – малку поинаква интерпретација – сега таа сака да ги изрази овие сомневања кои се креваат од некое време. Така или поинаку, таа го направи на начин кој за неа беше невообичаено едноставно.
2.Зошто Меркел ги избра зборовите кои ги избра?
Кредото на Трамп е „Америка на прво место“. За Меркел тоа значи дека Европа треба да преземе поголема улога. Политиката на Трамп наложува да се преиспитаат европските интереси: тоа е нешто во кое и Меркел и министерот за надворешни работи Зигмар Габриел, висок член на социјалдемократите (СПД), се убедени. Голем дел од дискусиите неодамна беа фокусирани на зголемување на трошоците за одбрана во Германија, што е исклучително контроверзна тема во земјата. Трамп може да ги ублажил критиките кон НАТО неодамна на Твитер, но сеуште инсистира повеќето европски земји да трошат повеќе за одбрана. Една од последиците од самитот на НАТО минатата недела е дека сите земји-членки на Алијансата треба да покажат годишно колку напредок постигнале кон целта на НАТО за трошење на 2% од бруто домашниот производ за одбрана. Досега само САД и неколку европски држави го исполнуваат овој услов, додека Германија заостанува со нејзините трошоци од 1,2%.
Во таа смисла, коментарите на Меркел не го одразуваат само статусот на трансатлантските односи. Тие се и повик кон Германците, а и воопшто кон Европејците да преземат повеќе одговорност – и да се спротивстават дури и на такви емоционални предлози како создавање на заедничка европска политика за безбедност и одбрана.
3.До колкава мера коментарите на Меркел беа дел од германската кампања?
Појавата на Меркел беше најјасната индикација дека надворешната политика и иднината на Европската унија ќе бидат витални во кампањата. СПД се надеваше дека ќе може да освои поени против Меркел врз основа на нејзиниот некогашен непристрасен пристап кон Трамп. Но сега Меркел се позиционира појасно од кога било како бранител на Европа во лицето на предизвикот на Трамп – улога која се надеваше да ја игра нејзиниот ривал Мартин Шулц. СПД не може да направи нешто повеќе, освен да се согласи со канцеларката. Во понеделникот Шулц коментираше дека „најдобриот одговор на Доналд Трамп е силната Европа“ – што во суштина е точно она што го рече Меркел.
4.Какви се последиците од коментарите на Меркел?
Иако нема непосредни последици, канцеларката ќе треба да ги оправда своите коментари во наредните денови и недели. Инаку, СПД и други партии ќе можат да ја обвинат за празно политиканство. Само дека Меркел веќе се фокусира на Франција, велејќи дека таа и претседателот Емануел Макрон се договориле за „нов поттик“ во француско-германската соработка и дека двете земји имаат намера да предложат „патоказ“ за посакуваните реформи. Министерот за надворешни работи Габриел, од своја страна, претстави поконкретен план. Во прилог на зајакнување на еврозоната, тој истакнува можни заеднички германско-француски инвестиции, заеднички одбранбен фонд и поинтензивна соработка за надворешната политика.
Напорите за зајакнување на Европа, со други зборови, се на пат – и коментарите на Меркел се израз на тоа. Тие предизвикаа и дебата, кој Германците дека е исклучително неповолно во историски план: Колку треба Германија и Европа да трошат за своја одбрана? И колку голема треба да биде улогата на Германија во оваа одбрана? Ова се прашања кои ветуваат дека ќе бидат важни во наредните години.
Анет Мејриц, Ана Рајман и Северин Вајланд, списание „Шпигел“
