Србија се меша во внатрешните работи на Република Македонија.

Тоа го кажа новиот министер за надворешни работи на Македонија Никола Димитров по повод присуството на службеник на српските тајни служби – БИА / Агенцијата за безбедност и информации, бел.ред. / Горан Живаљевиќ во македонскиот парламент за време на „крвавиот четврток“.

„Ќе се обидам да го затворам ова прашање со Србија без особени скандали, но тоа не е добар почеток за нив. Во Народното собрание на пракса имаше обид за државен удар, кој пропадна. Не може ваш вработен да биде дел од толпата која влезе во парламентот, и вие да тврдите дека не се мешате во внатрешните работи. Попластичен пример за мешање во внатрешните работи во една држава не може да се најде. Јас како дипломат во странските државни институции влегувам на главната врата „, рече Димитров за белградското издание „Крик“. Според него не е добро „изградбата на новите односи со Србија да започне со скандали“.

ТАТКОВИНА потсетува дека Живаљевиќ предизвика огромно тензии меѓу двете држави поради влегувањето во парламентот за време на „крвавиот четврток“ на 27-ми април, кога дојде до претепување на пратеници, новинари, вклучувајќи и на сегашниот премиер Зоран Заев. Живаљевиќ упаднал во парламентот со првата група демонстранти и си направил „селфи“ со нив. Горан Живаљевиќ е поранешен заменик-директор на БИА, а 10 години работи како дипломат и советник во српската амбасада во Скопје. Целта на кампањата е да се поддржува руската политика и Груевски, но и да се води битка против членството на Македонија во НАТО, се велеше во истрагата на „Крик“, кое објави минатата недела и дел од разговорите на српскиот агент.

Од документите стана јасно дека целата операција била предводена лично од Горан Живаљевиќ. Тој организирал пропагандна кампања преку новинарот и пратеник од партијата на претседателот Александар Вучиќ Мирослав Лазански и лидерот на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ. Живаљевиќ ги координирал сите нивни активности вклучително и написите во медиумите.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO