Александар Морфов jа доби главната награда за достигнувања на IV Меѓународен театарски фестивал организиран од Македонскиот народен театар /МНТ/.

„Морфов е еден од најголемите режисери во Европа, кого критиката го дефинира како визионер на театарската сцена и автор кој не престанува да експериментира и да открива нови методи и изразни средства на глумата“, се вели во пораката на МНТ.

Наградата се доделува на режисери за нивниот придонес во областа на театарската уметност. Морфов ќе jа добие наградата оваа сабота, кога на сцената на МНТ ќе биде претставена неговата претстава „Ничија земја“.

Во Македонија исто така се играни неговите драми „Животот е прекрасен“ и „Сон во летната ноќ“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO