
Денес околу пладне македонскиот парламент треба да jа продолжи седницата за избор на нова влада, кој беше започната вчера. Крајниот рок за решение на пратениците е денес до полноќ, при што за да биде избран предложениот кабинет од лидерот на Социјалдемократската партија (СДСМ) Зоран Заев се потребни гласовите на 61 пратеници во 120-члениот парламент.
Во денешното обраќање до пратениците Заев рече дека новата власт ќе се фокусира на неколку основни теми – економија, стабилни професионални институции, праведност за сите, како и целосна интеграција на земјата во ЕУ и НАТО.
