„Помина еден месец од незаконскиот обид Талат Џафери да биде избран за претседател на Народното собрание на Република Македонија. Помина еден месец од кршењето на законите и Уставот од СДСМ и нивните партнери. На кого и зошто му текна да го ускрати правото за дискусија на пратениците едно од најсветите права, и да ги наруши правилата, заобиколувајќи го изборот на членовите на Комисијата за избори „, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

„Дали свесно се бара провокација и инциденти, кога целата јавност гледа дека веќе еден месец парламентарното мнозинство не покажува никаква намера да започне да работи? Поминаа 15 дена, откако ВМРО-ДПМНЕ побара од парламентарното мнозинство да создаде услови за работа на локалната самоуправа и да се свикаат локални избори „, додаваат од партијата.

„Поминаа две недели откако партиите се согласија локалните избори да се одржат на 15 октомври. Во сето ова време, ниту парламентот проработи ниту се прават чекори за спроведување на локалните избори. Ние како партија предложивме разумни рокови и излеговме со ставот дека колку поскоро се одржат локални избори, толку подобро е тоа за граѓаните, односно многу порано ќе добијат локалната самоуправа, што ќе се посвети на реализација на проектите и подобрување на условите во средините во кои граѓаните живеат “ , велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За жал во текот на целиот овој период парламентарното мнозинство се однесува неодговорно и не покажува никаков интерес за деблокирање на процесите во државата. Такво неодговорно и деструктивно однесување на СДСМ граѓаните гледаа и кога беше во опозиција, и сега, кога има мнозинство за формирање на идната влада „, додаваат од партијата на Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ ги повика своите противници да се вразумат, да не се водат од личните и политичките интереси и да ги отклучат процесите во интерес на граѓаните.

„Локалните избори да се закажат час поскоро, а заедно со нив ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се одржат и нови предвремени парламентарни избори како излез од кризата во која СДСМ ја вовлече државата“, заклучуваат од опозициската партија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO