Еден од најдоверливите пратеници на српскиот премиер и иден претседател Александар Вучиќ Мирослав Лазански, заедно со српските тајни служби – БИА, е шеф на медиумската пропаганда во корист на поранешниот македонски премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како и на руските интереси во регионот.

Ова станува јасно од документи на македонското контраразузнавање, кои беа распространети од српското издание за истрага „Крик“. Во „македонското сценарио“ учествуваат уште и службеникот на српската амбасада во Скопје Горан Живалjевич и лидерот на српската партија во Македонија, Иван Стоиљковиќ. Живалjевич предизвика огромни тензии меѓу двете држави поради влегувањето во парламентот за време на „крвавиот четврток“ на 27-ми април, кога се дојде до претепување на пратеници, новинари, вклучувајќи го и лидерот Зоран Заев, идниот премиер на Република Македонија. Живалjевич упадна во парламентот со првата група демонстанти и си направи „селфи“ со нив.

Горан Живалjевич е поранешен заменик-директор на БИА, а веќе 10 години работи како дипломат и советник во српската амбасада во Скопје.

Целта на кампањата е да се поддржува руската политика и Груевски, но и да се води битка против членството на Македонија во НАТО, се вели во истрагата. Од документите станува јасно дека целата операција била предводена лично од Горан Живалjевич кој go поврзал Лазански и Стоиљковиќ и gi координирал сите нивни активности вклучително и написите во медиумите. Во своите „анализи“ Лазански тврди дека нередите во Македонија и Република Српска се предизвикани од САД, кои сакаат да ја спречат изградбата на „Турски поток“. Во текстовите тој jа фали „руската воена моќ и се прогласува против НАТО“, се вели во истрагата за српските медиуми.

Минатата недела српскиот амбасадор во Скопје беше повикан на разговор во Министерството за надворешни работи поради однесувањето на Горан Живалjевич.

Иван Стоиљковиќ е пратеник во македонскиот парламент од 2002 година. Според македонските тајни служби тој „делува како националист, кој добива инструкции директно од претседателот Томислав Николиќ, БИА и други официјални лица од Србија“.

Стоиљковиќ е под посебниот надзор на службите од 2013-та година, но и покрај овој факт, Никола Груевски го прифаќа како коалициски партнер и го вклучува во пратеничките листи.

Пред „Крик“ Лазански тврди дека „извршувал новинарска работа и дека нема врска со никакви служби“, а Стоиљковиќ одбива да одговара на прашањата и го затвора телефонот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO