Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, ја потврди информацијата дека денеска амбасадорот на Белград во Република Македонија ќе оди на разговор во македонското Министерство за надворешни работи.

Изјавата на Дачиќ дојде само неколку часа откако од македонското Министерство за надворешни работи соопштиjа дека го извикале српскиот амбасадор во Скопје Душанка Дивјак Томиќ поради присуството на српскиот агент Горан Живалjевич во парламентот во Скопје за време на „крвавиот четврток“. Живалjевич е офицер од БИА /српските тајни служби-бел.ред./.

При тепачката во парламентот на 27-ми април беа повредени над 100 лица – пратеници, функционери на администрацијата, полицајци, новинари и граѓани, а лидерот на СДСМ Зоран Заев доби тешки повреди по главата.

„Нашиот претставник /Горан Живалjевич – бел.ред./ не направил ништо кое да се смета како прекршување на Виенската конвенција. Тој не се наоѓал таму илегално. Живалjевич е официјален претставник на БИА во Македонија. Тој не извршил злосторство. Не се мешал во внатрешните работи на Македонија и нема никаква причина за протести против него … би сакал да има еднаков третман кон сите, а тоа значи претставниците и на западните и источните амбасади, да бидат повикани на разговор“, рече уште Дачиќ за државната телевизија РТС.

Дачиќ извади список со имиња на македонски граѓани кои учествуваа во протестите против премиерот Александар Вучиќ во Белград. „Сега ќе ви прочитам имињата на Веско Чачановски, Павле Богоевски, Бранимир Јовановиќ, Захир Мекмедив – сите тие се од Скопје и учествуваа во протестите против Вучиќ. Сега што треба да направиме? Да пишуваме протестни ноти?“, рече уште вицепремиерот.

За време на инцидентот на 27-ми април Живалjевич си правел селфи со демонстрантите кои упаднаа во парламентот, соопштија македонските медиуми. Македонската служба за безбедност /УБК/ исто така го повикала Горан Живалjевич и побарала од него објаснување за неговото однесување.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO