Јазикот на преводите во делата на Преславската и Охридската школа е старобугарски литературен јазик. Ова се вели во соопштението на БАН.

Во врска со зголемениот во последните денови јавен интерес кон Кирило-Методиевото дело, Бугарската академија на науките потсетува дека во втората половина на IX век Бугарската држава, претставувана од кнез Борис I, врши два судбоносни акти: прво, христијанството е прифатено како државна религија; второ, протераните ученици на св. св. Кирил и Методиј се примени во Бугарија и им се создадени услови да го продолжат делото на своите учители.

Како резултат на оваа поддршка во Бугарија се јавуваат две книжевни школи – Охридската и Преславската. Создадената во нив кирилска азбука се распостранила во словенскиот свет.

Научниците од многу земји го истражувале и истражуваат делото на св. Св. Кирил и Методиј. Особено место меѓу нив го зазема и светскиот руски научник акад. Дмитриј Лихачов чии научни публикации за создавањето и ширењето на словенската писменост уживаат широка популарност и денес. Покрај тоа, во 1985 година по иницијатива на раководствата на БАН и Академијата на науките на СССР, во Софија е спроведена академска дискусија со учество на познати научници од двете академии.

Дискусијата завршува со официјален протокол, во чиj што заклучок е запишано:

1. Народната основа на јазикот на Кирило-Методиевските преводи се јавува Солунскиот дијалект на бугарскиот јазик во IX век.

2. Јазикот на преводите во делата на Преславската и Охридската школа е старобугарски литературен јазик.

3. Јазикот на Кирило-Методиевските споменици одиграл огромна улога во културниот живот на другите словенски народи и во формирањето на нивните литературни јазици“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO