Светски познатиот режисер Стивен Спилберг и познатиот актер Том Хенкс ја посетија редакцијата на в. „Вашингтон пост“ во врска со подготовките за снимањето на филмот за истекувањето на тајните на Пентагон во 1971 година

Слика на холивудските ѕвезди на утринскиот уреднички состанок качи во Twitter дописникот на „Вашингтон пост“ Дејвид Накамура.

Новиот филм на Спилберг, наречен The Post, ќе раскаже за улогата на весникот „Вашингтон пост“ во најголемиот политички скандал во САД во 1971 година – објавувањето на тајни документи на Пентагон за војната во Виетнам. Том Хенкс ќе ја има улогата на уредникот на вестникот Бил Бредли, а актерката Мерил Стрип – издавачот на весникот Кетрин Грејм.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO