Пред време Романскиот парламент го изгласа со закон 24 мај за Ден на бугарскиот јазик во Романија. Заслугата е на Банатски Бугари.

Идејата е на пратеникот Николај Мирковиќ, кој уште во 2014 година поднесе предлог во романскиот парламент 24 мај да се слави како Ден на бугарскиот јазик во Романија. Декретот на романскиот претседател беше објавен на 6 мај оваа година во нивниот службен весник.

Првата прослава на Денот на бугарскиот јазик во Романија се совпаѓа со одбележувањето на 150-годишнината од создавањето правописот на Банатски бугари од наставникот Jозо Рил. По тој повод претставници на заедницата на Банатски Бугари од три земји – Романија, Србија и Бугарија – ќе се соберат во Винга. Ова е местото каде што за првпат се дефинираат правилата на пишување на втората варијанта на книжевниот бугарски јазик.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO